Срцето на секој Синџир на Снабдување

Транспортот претставува основа на секој логистички процес. Без ефикасен транспорт, движењето на стоките од точка А до точка Б би било невозможно. Добро организираната транспортна мрежа не само што го обезбедува непречен тек на стоката, туку истовремено помага во намалување на трошоците и зголемување на операционата ефикасност. Про Јунит Логистик нуди различни видови транспортни решенија, прилагодени на специфичните потреби на нашите клиенти, видот на стоката и географската дестинација.

Копнен транспорт

Копнениот транспорт е идеален за домашни и регионални испораки. Со нашите флексибилни решенија, вклучувајќи целосни (FTL) и делумни товарни услуги (LTL), нудиме оптимални решенија за сите типови пратки.

Брза достава: Користете ја предноста на нашите современи камиони за брзи и сигурни испораки.

Температурно контролирани возила: За стока која бара специјални услови за транспорт, како што се чувствителни производи (храна, фармацевтски производи, и слично), нудиме возила со контрола на температурата, што обезбедува сигурност и безбедност на вашите производи.

воздушен транспорт

Воздушниот транспорт е најбрзиот начин за меѓународни испораки. Особено е погоден за итни пратки, како и за вредна и чувствителна стока која бара брзо испораќање без компромис во квалитетот. Нашите решенија за воздушен транспорт овозможуваат брзо и сигурно движење на стоката на глобално ниво, без разлика на големината или специфичноста на пратката.

воден транспорт

Водниот транспорт претставува најекономичен и најефикасен начин за превоз на големи количини стока на интерконтинентални дестинации. Со овие решенија, овозможуваме превоз на стока по вода, кој е идеален за транспорт на големи количества на пониски трошоци, и истовремено е погоден за стока која не бара брза испорака.

Големи количини стока: Погодно за стоки со големи димензии или количини.
Идеално за интерконтинентални испораки: Со оваа опција, стоката може да се транспортира на глобално ниво, од една континент до друг.

Со Про Јунит Логистик, не само што добивате сигурен партнер за сите видови на транспорт, туку и целосно приспособени решенија што ќе ги задоволат вашите конкретни потреби. Без разлика дали се работи за малите или големи пратки, домашни или меѓународни испораки, ние сме тука да обезбедиме брзи, сигурни и ефективни решенија што го поддржуваат вашиот бизнис.

Scroll to Top